Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев во Струмица: 3 нови економски зони, 30 фабрики, 3000 нови работни места!

Заев во Струмица: 3 нови економски зони, 30 фабрики, 3000 нови работни места!
Заев вети дека ќе одржи нова лекција за економски менаџмент за силен економски развој и растеж во неговиот трет мандат како градоначалник на Струмица. Вети 3 нови индустриски области, 30 нови фабрики и 3.000 нови работни места, гасификација на струмичкото поле, подземна сообраќајница, модерно панорамско поврзување на градот со ридовите над него, ново Турско маало, 3 нови детски градинки во селата, нови булевари и уште многу други проекти. - Затоа, зборувајте ја само вистината за мене, ни повеќе  ни помалку, тоа е сосема доволно. Тоа е доволно за голема победа, победа за Струмица, најголема во Македонија - рече Заев вечерва на полниот плоштад во Струмица. Заев пред струмичани рече дека Господ бил милозлив спрема него, и оти сигурно ќе ги победи кандидатите со огромна разлика - Осум години ја водам Струмица исправени пред оваа дрска власт, со сите подли работи во последните седум години. Сите по добро ја зборуваат Струмица. Денес сме и први и најдобри и затоа секој мора да знае – Струмица се сака со засукани ракави, со труд и со дела. А, дела имате насекаде околу вас - рече Заев. Главен против кандидат на Заев во Струмица е пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Васил Пишев. фото: Плусинфо
Слично

Поврзани вести