Заев: Во иднина ќе се набавуваат само возила на хидроген, на природен гас и електрична енергија
Премиерот Зоран Заев денеска најави дека во иднина државни институции при јавните набавки во иднина ќе се купуваат возила на еколошки погон. Ова премиерот го одговори откако беше медиумски запрашан дали Владата ќе води економска политика при новиот тригодишен договор на лизинг повторно ќе набави 40 автомобили.
„Же се димензионираат токму набавки на возила на хидроген, на природен гас, на електрична енергија и така натаму. Ќе продолжиме со давање на пример на ваквите полтитики. Тоа што е наназад почнато, секако ќе се заврши. Се работи за тригодишни лизинзи“, рече Заев.
За најавената еколошка такса од 3,5 денари на нафтените деривати рече дека целта е помалку да ги користиме, а повеќе да се прибегнува кон велоспиедот, тротинетот, електричните возила, хибридните и возилата на природен гас
Тој додаде дека нафтата и натаму по цена че биде најевтина во целиот европски континент, додека за првата година со поскапувањето на електричната енергија ДДВ-то ќе биде целосно укинато на сметките.
„До 2024 ќе следува покачување на цената на струјата, но секогаш ќе водиме грижа за најранливите категории. Ќе имаме развиени програми за енергетска сиромаштија уште при првото покачување на цената на струјат“, додаде Заев.
