ЗАЕВ: ВМРО ДПМНЕ немаше волја да признае уставни прекршувања за отстранувањето на новинарите
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска излезе на прес-конференција каде информираше зошто пропаднаа обидите за заедничко решение за настаните од 24 декември, кога се носеше буџетот.
-ВМРО-ДПМНЕ прифати формулација за уставни прекршување при употреба на сила и отстранување на пратениците од собраниската сала, но не беа подготвени да констатираат противуставност при отстранување на новинарите од собраниската сала на критичниот ден.
На 24 декември, Груевски донесе одлука, а Трајко Вељаноски ја прифати. Одлуката беше да се испратат полицајци во Парламентот со наредба да се исфрлат од собраниската сала прво новинарите, а потоа опозиционите пратеници. Секако, однапред знаејќи дека притоа по неколку основи се крши Уставот на Македонија. Груевски ќе остане запаметен по децата што просат околу сите објекти што ги изгради тој во центарот на Скопје, но ќе биде запаметен како премиер која на најдрзок можен начин го крши Уставот на Република Македонија исполнувајќи ја својата алчна потреба за пари, за време на криза и сиромаштија, рече Заев.
Според него, достоинството и дигнитетот на новинарите за опозицијата е еднаков со оној на пратениците.
http://www.youtube.com/watch?v=9DBVxHSlZHE
Во меѓувреме, дел од македонските медиуми информираат дека сите опции се отворени откако пропадна и последниот обид на ад хок комисијата да се расчистат случувањата од 24 декември, сугерирајќи дека за власта во овој момент се посакувани предвремени избори.
Слично
