Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: ВМРО-ДПМНЕ купила недвижности низ цела Македонија за 1,6 милиони евра

Заев: ВМРО-ДПМНЕ купила недвижности низ цела Македонија за 1,6 милиони евра
Во трите месеци пред распишувањето на претседателските избори ВМРО-ДПМНЕ стекнала имот на име на партијата од 1,6 милиони евра - станови, куќи, деловни простории низ цела Македонија, тврди лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев. Тој денеска ги презентираше катастарските имотни листови и промената на имотот на владејачката партија направена во периодот ноември -декември- јануари. „На 20 ноември 2013 година, ВО САМО ЕДЕН ДЕН, вредноста на стекнатиот имот на ВМРО-ДПМНЕ, според овие документи е над 300.000 евра: Стан во Берово со помошни простории, во вкупна квадратура над 110 м2, по пазарна вредност од околу 45.000 евра.Станови во Велес, во вкупна квадратура од околу 130 м2 и над 100 м2, по пазарна вредност од околу 150.000 евра. Три деловни простории во скопската општина Аеродром, со вкупна квадратура од 72 м2, или пазарна вредност од околу 110.000 евра. Еден ден подоцна, на 21 ноември 2013, ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци дошла до стан вреден околу 70.000 евра. Еден ден подоцна, на 22 ноември 2013, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ станале сопственици на два деловни простора во Струмица, од по 50-тина м2, во пазарна вредност од околу 150 илјади евра. ИЛИ, САМО ВО НОЕМВРИ 2013 ГОДИНА ВМРО-ДПМНЕ ДОШЛА ДО ИМОТ ОД ОКОЛУ ПОЛОВИНА МИЛИОН ЕВРА. ДО СТАНОВИ И ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИ ВРЕДНИ ОКОЛУ 500.000 ЕВРА!“, појасни Заев. Според него, ваквиот тренд на набавка на имот од ВМРО-ДПМНЕ продолжил и во следните два месеца. „НА 23 ДЕКЕМВРИ 2013 ГОДИНА, СТАНАЛЕ СОПСТВЕНИЦИ НА СТАНОВИ, ДЕЛОВНИ ПРОСТОРИИ, ЗЕМЈИШТА, ВО ВРЕДНОСТ ОД ФАНТАСТИЧНИ ОКОЛУ 800.000 ЕВРА! Во Кисела Вода, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ дошле до деловен простор од околу 90 м2 и стан, според пазарните цени на чинење по квадрат, од околу 190.000 евра.Во Аеродром, во истиот ден, станале сопственици на две деловни простории од по 40-тина м2, со гаражи, за околу 150.000 евра. Во Радовиш, имале потреба од куќа во вкупна квадратура од 165м2 и 87 м2, што според пазарните цени чини околу 90.000 илјади евра. Во истиот ден, 23 декември, се стекнале со и со стан во Виница, во вредност од околу 27.000 евра. Во Охрид, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ станале сопственици на два деловни простора од 90м2 и 33 м2, на атрактивна локација во градот, по вкупна пазарна вредност од неверојатни над 300.000 евра! Партијата на Груевски, имала потреба и од деловен простор во Таринци, по цена на чинење од околу 20 илјади евра!“, вели Заев. Во јануари 2014 година пак, партијата стекнала имот вреден уште 300 илјади евра, тврди опозицискиот лидер. Тој го праша неговиот опонент Никола Груевски на кој начин е стекнат овој недвижен имот за само три месеца.
Слично

Поврзани вести