Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Властите знаеле за терористите од 2013 година, но не направиле ништо

Заев: Властите знаеле за терористите од 2013 година, но не направиле ништо

Властите знаеле за криминалистичка група која влегла во Македонија уште од септември 2013 година, но не направиле ништо за да го спречат нејзиното дејствување и напади.

Тоа, го изјави лидерот на СДСМ Зоран Заев во интервју за емисијата "360 степени", коja ќе биде емитувана вечерва.

Заев исто така изјавил дека за време на вчерашната седница на Советот за безбедност во Скопје, тој не добил одговори на неговите прашања. Според него дел од одговорите на поставените од него прашања биле лага. "Кога ги прашав колку време се следела оваа криминална, терористичка криминална група, тие ми одговорија - осум месеци. Јас имам докази за година и осум месеци, од септември 2013 година", рече водачот на опозицијата во интервјуто.

Според него групата неколку пати влегувала во Македонија и властите го знаеле тоа. "Зошто по Гошнице не презедоа ништо? Ова бара оставки и тие мора да бидат доставени. Одговорните за безбедноста во Македонија се Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Никола Груевски. Тие знаеле, но не презеле соодветни мерки. Имаме комплетна доверба во полицијата, но проблемот е во политичарите кои треба да донесуваат одлуки, кога се наметнува да се донесуваат одлуки ", рече уште Заев.

Во Куманово во саботата избувна престрелка меѓу група вооружени лица и безбедносните сили, која траеше во текот на целиот ден. При крвавиот инцидент беа повредени десетици полицајци, има загинати полицајци и цивили. Иако официјалните изјави на властите дека станува збор за терористичка група, локалното население од Албанци и Македонци се сомнева во тоа и смета дека крвавата трагедија е дело на луѓе кои сакаат да одиграат на етничката карта, за да стишат протестите во земјата против управувањето на ВМРО-ДПМНЕ.

Во моментов ситуацијата во Куманово е мирна и граѓаните се враќаат на нормалниот ритам на живот.

Слично

Поврзани вести