Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Власта криела докази за убиецот на Мартин Нешковски

Заев: Власта криела докази за убиецот на Мартин Нешковски

„Вистината за случајот со Мартин Нешковски е болна но една и единствена.

Денеска граѓаните ќе слушнат кој и зошто сакаше да ја убие вистината за згаснувањето на еден млад живот, животот на Мартин Нешковски“, вака лидерот на СДСМ Зоран Заев ја започна денешната прес конференција.

За еден месец се навршуваат 4 години откако 21-годишниот Мартин Нешковски беше убиен од страна на полициски службеник, додека ВМРО ДПМНЕ славеше на плоштадот во центарот на Скопје.

[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/CEdwUWKdqY4[/embed]

Овој случај како што рече Заев отвори многу прашања кои сеуште не се затворени- зошто МВР со денови молчеше и го прикриваше убиството, зошто одговорноста за убиството се сведе индивидуално, само на еден човек, зошто никој не понесе командна или политичка одговорност. Денеска јавноста ќе дознае се во врска со овој случај.

Во аудио доказите можеше да се слушне, како што тврди Заев како , дирекотрот на УБК  и признава на министерката Јанкулоска дека полицаецот , а не физичкото лице Игор Спасов го убил Мартин, дека во моментот на убиството бил на службена дејност.

Слично

Поврзани вести