Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Власта ја зеде „правдата“ во раце, ама Струмица ќе остане остров на слободата!

Заев: Власта ја зеде „правдата“ во раце, ама Струмица ќе остане остров на слободата!
Откако Управниот суд ја потврди одлуката за прегласување на трите избирачки места во Струмица, актуелниот градоначалник Зоран Заев, ваквата одлука ја препозна како политичка и резултат на едноумието во Македонија. Тој изрази жалење од , како што рече, тоа што не остана ни трошка од правната држава откако Управниот суд ги прифати приговорите од ВМРО-ДПМНЕ, а ги одби тужбите за приговорите на СДСМ. „Власта е одговорна за спроведување на изборите, таа носи одговорност за тоа како ќе течат изборите. Кај нас во Струмица, истата таа власт поднесува приговор на изборите и истата таа власт пресудува. Беше сосема очекувано дека Државната изборна комисија со мнозинство гласови од ВМРО ДПМНЕ ќе донесе политичка, а не правна одлука за трите смешни приговори за изборите во Струмица“, посочи Заев. Тој додаде дека ова е преседан кој треба да го загрижи секој македонски граѓанин. „Замислете, истите работи поради кои се прегласува во Струмица се причина да не се прегласува на други преку 120 избирачки места. За судиите од Управниот суд во сите други избирачки места белото е бело, само за избирачките места во Струмица белото е црно. Видете ги сите пресуди на Управниот суд на нивната веб страна, споредете ги со оние за Струмица и се ќе ви биде јасно. Ако имаат малку достоинство и совест луѓето од Управниот суд, требало синоќа око да не склопат од грижа на совест“, изјави Заев кој додаде дека граѓаните во недела да ја донесат конечната пресуда и Струмица ќе остане остров на слободата во оваа земја поробена од  власта. http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=L1SITgpGO2Q  ВМРО-ДПМНЕ: Заев е во паника „Последниот мегафон на пропаднатата СДСМ во Струмица,  потпретседателот Зоран Заев панично ги обвинува сите во Република Македонија повторно без аргументи и со доза на самосожалување карактеристична за сите негови настапи,“ стои во писмена реакција од ВМРО-ДПМНЕ во врска со денешните обвинувања. Од струмичкиот огранок на ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека оценката на Заев за нерегуларности при гласањето е субјективна, а сите меѓународните институции имаат позитивна оценка за мартовските локални избори. „Ја разбираме паниката кај Зоран Заев. Ја започна својата реторика со лага дека ќе победи со разлика од осум илјади гласови, а разликата во моментов е помала  од неколку стотини гласови.  Тој се уште не е градоначалник на Струмица,“ стои во партиската реакција.  
Слично

Поврзани вести