Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев вети гасификација на Македонија - заштеда за фирмите и граѓаните

Заев вети гасификација на Македонија - заштеда за фирмите и граѓаните

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска вети дека ќе ја гасифицираат цела Македонија, со што граѓаните и фирмите ќе заштедат. 

Објаснува дека до денес, само Струмица и Куманово го користат гасот, кој е евтин и еколошки енергенс. Заев вели дека ова е изводливо и реално. 

„Тука сум за да ви ветам по 11 декември, вакви гасни станици ќе има уште во 32 града во Македонија. Ќе ја гасифицираме цела Македонија. Ние Македонија ќе ја поврземе со ТАП, еден од познатите европски гасоводни системи и со преносните системи на соседните земји и ќе им помогнеме на домаќинствата, станбените згради, индустриските објекти и оранжерии да инсталираат системи за гас. Еве еден пример што донесе гасификацијата во Струмица. Пред да го воведеме гасот во Струмица, училиштата плаќаа 24 милиони денари, годишно за греење, а денес трошоците за греење во училиштата се помалку од 10 милиони денари. Секое училиште заштедува по 60 проценти од парите што ги добива, заштедените пари се искористени за нови прозорци, врати, ефикасни фасади кој топлат, за нови табли, квалитетни столчиња, маси за седење, нови кабинети за практична настава на учениците, и многу други работи“ - кажа Заев.

Ако граѓаните користат гас сметките се за 20 до 30%  пониски, додава Заев. 

Тој вели дека фирмите ќе имаат поголем бенефит затоа што за  нив заштедите се во милиони денари. 




Слично

Поврзани вести