Заев вети дека со граѓаните ќе се бори за правна држава
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по повод утрешниот празник 8 Септември - Денот на независноста, денеска изјави дека со граѓаните ќе се бори за правна држава.
Вели дека ќе создадат правично општество на еднакви граѓани и дека секој заслужува пристојна работа, пристојна плата и достоинствен живот.
„Тоа e патот до стабилна и безбедна Македонија, Македонија што се развива, Македонија што ја развиваат граѓани кои мислат слободно, дејствуваат слободно, се изразуваат слободно, избираат слободно. Повикувам да покажеме дека сме подготвени за обнова на таа Македонија денеска, на овој 8 септември 2016 година, за да ги поттикнеме денешните генерации млади да се видат себеси во својата земја. Тие да продолжат да надградуваат. Тоа ние да им го овозможиме. Да извлечеме поука од искушенијата низ кои поминавме како држава, како граѓани, групи, заедници, политички партии, како индивидуи изминатите 25 години“ – вели Заев.
Според него, ниту еден предизвик не ја погоди Македонија како што тоа го направила недемократската власт изминатите 10 години. Вели дека оваа власт предизвика тешка сиромаштија, воведе огромни казни и притисоци, ги понижи граѓаните.
