Заев: Весли Кларк ќе поттикнува американски компании да инвестираат кај нас
Премиерот Зоран Заев оствари средба со поранешниот генерал на САД, Весли Кларк, при што објави дека поранешен командант на здружените сили на НАТО за Европа ќе ги поттикнува американските компании да инвестираат во Македонија.
„Со сигурноста што ја обезбеди членството во НАТО, дојде и сигурноста во економијата и владеењето на правото за привлекување странски инвестиции. Членството во НАТО го дефинираше геостратешкото место на Северна Македонија во регионот и на меѓународен план.
Поранешниот генерал на САД и поранешен командант на здружените сили на НАТО за Европа, Весли Кларк, на денешната средба ми пренесе дека во наредниот период ќе го поттикнува интересот на компаниите од САД да инвестираат во нашата земја“, објави Заев.
Слично
