Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: цела Македонија зборува за делата во Струмица; Пишев: подобра иднина!

Заев: цела Македонија зборува за делата во Струмица; Пишев: подобра иднина!
Кандидатот за градоначалник на општина Струмица, Зоран Заев, синоќа на средба со граѓаните во втора урбана заедница Струмица, порача дека цела Македонија зборува за делата во Струмица и за досега сработеното. Заев особено ги истакна економските проекти во Струмица и околината. - Цела Македонија зборува за делата во Струмица, заради тоа што сите меѓународни институции, сите домашни институции колку и да беа вмроизирани, секоја година потврдуваат прва општина, најдобра општина, најперспективна општина и најдобро место за живеење од сите аспекти. Затоа не ни требаат негативни аспекти на кампањата, премногу дела имаме зад сите нас со кои можеме да се гордееме и со кои можеме да им пристапиме на сите оние кои ги повикуваме да размислат и да донесат одлука за кој ќе го дадат својот глас – рече Зоран Заев, актуелниот градоначалник на Струмица, кој се бори за трет мандат. Неговиот против кандидат, Васил Пишев пак на прес конференција рече дека Струмица е град кој заслужува напредок и подобра иднина. - Ние таа иднина и тој напредок ќе му ја обезбедиме. Тоа можеме да го видиме и од поддршката која изминативе денови ја добиваме од граѓаните. Тие ги препознаваат нашите проекти, затоа што тоа е одговорот на нивните проблеми кои се напластуваа сите овие години наназад, порача денеска на прес-конференција кандидатот за градоначалник за Струмица од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Досегашните средби со граѓани, како што вели, ги увериле оти ВМРО-ДПМНЕ во Струмица ќе победи на овие локални избори, а заклучокот го темели не само на интересот на граѓаните да бидат со оваа партија во кампањата туку и заради тоа што и досега Владата на ВМРО-ДПМНЕ многу инвестирала во Струмица.
Слично

Поврзани вести