Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев вели дека Пешевски и Миновски се повлекле под притисок на јавноста

Заев вели дека Пешевски и Миновски се повлекле под притисок на јавноста

Премиерот Зоран Заев на денешниот отчет за 100-дена изминати од новата Влада рече дека поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и поранешниот министерот за динансии Кирил Миновски, кои беа на функција додека власта беше во рацете на ВМРО-ДПМНЕ, се повлекле како консултанти на заменик-претседателот на Владата за економски прашања, Фатмир Битиќи, под притисок на јавноста.

- Вицепремиерот почна постапка на разговори со консултанти, не со советници, не платени нови советници или функционери, туку со консултации со огромна група граѓани, чиј број може да достигне преку 20, 50, па и стотина, се со конечна цел, да се соберат информации од сите страни за да се создаде национална економска стратегија, рече Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Медиумите објавија дека Пешевски и Миновски присуствувале на првата средба во рамките на проектот „За татковината со љубов“ на Битиќи, кој потоа го објави списокот со консултанти. Миновски кратко изјави дека не бил дел од консултантите, додека Пешевски се уште е недостапен за јавноста.


Слично

Поврзани вести