Заев веќе нема да оди на судски рочишта, ама ќе оди на преговори со Груевски
Против лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Република Македонија „СДСМ“, Зоран Заев ќе започне процес на т.н. дело „Пуч“, ова е одлуката на Основниот суд Скопје 1 која вчера беше соопштена во јавност .
Оваа одлука беше мотив опозицискиот лидер денес на прес конференција да соопшти дека не го признава правосудството како независна власт по Устав и по закон, бидејќи како што вели тоа било под целосна контрола на Никола Груевски и неговата власт.
Во неговото обраќање до јавноста, Заев децидно одлучи дека повеќе нема да присуствува на закажаните судски рочишта и нема да продолжи да ја почитува определената мерка да се јавува во судот секој понеделник во 9 часот, како и останатите мерки за обезбедување на присуство за водење на отворената кривична постапка.
Тој ги повика надлежните, после ова негово јавно соопштение да изречат мерка притвор и да го лишат од затвор, напоменувајќи дека одлуката за негово притворање ќе ја чека во седиштето на СДСМ или пред Влада каде заедно со граѓаните повеќе од еден месец кампува.
Понатаму напоменува дека одлуката на Судот да прифаќа нарачан обвинителен акт е врв на апсурдот на овој предмет од самиот почеток, бидејќи како што вели досега од судот му немале дадено никакво објаснување а одбивање на разумните приговори на обвинението.
Според опозицискиот лидер оваа одлука на Судот била потврда на Извештајот на европската експертска комисија предводена од Рајнхард Прибе: за атмосфера на притисок врз судството во Македонија, за фамилијарна поврзаност на функционери именувани од извршната власт со Јавното обвинителство, за ризична средина за конфликт на интереси.
Независно од притисоците врз него, информираше дека преговорите со Никола Груевски и со власта ќе продолжат.
Да се потсетиме
Против лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Република Македонија „СДСМ“, Зоран Заев ќе започне процес на т.н. дело „Пуч“-одлучи вчера кривичниот суд во Скопје.
Во него, освен Заев, се обвинети и поранешниот директор на Агенцијата за контраразузнавање Зоран Верушевски, неговата сопруга и Бранко Палифров.
Сите тие се обвинети за обид за насилно соборување на владата на Никола Груевски, и нелегално прислушување и заканување.
Потсетуваме дека од почетокот на оваа година Македонија се наоѓа во тешка политичка криза. Речиси два месеци се водат преговори меѓу одделните политички лидери за излез од кризата. Во април следната година треба да се одржат предвремени парламентарни избори.
Зоран Заев објави десетици скандалозни телефонски разговори кои тврди дека се на владејачките партии кои открија тешки корупциски практики на кабинетот на Груевски, интервенција и кадрување во судството, притисок врз медиумите, како и изборни манипулации.
