Заев: Вака се гради единство!
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев рече дека мора да се изгради единство.
„42 дискутанти изградија порака на поинаквост, богатство со кое треба да се гордееме.Вашите дискусии значат дека единство мора да се гради“, изјави Заев.
Претходно вториот човек на партијата Радмила Шеќеринска, на говорот на Конгресот на партијата ја образложи својата поддршка до лидерот.
Таа ги аргументираше лидериските потези на Заев:
„Заев можеше да стане Стевче Јакимовски и покрај одлуката за бојкот да влезе во изборната трка, но тоа тој не го стори, не не остави на цедило. Срамно е и тажно тие луѓе да ги множиме со нула. Заев не избега од избори а можеше, ако му беше важна само позицијата претседател на СДСМ. Но, каде е храброста- тој влезе во борба против режимот“ рече Шеќеринска.
Гордан Георгиев пред да се обрати Заев кажа дека партијата имала хаотичен коцепт и дека тој имал понуда да биде потпретседател на партијата ама оставил простор новото раководство да спроведе нови политики.
Делегатите веќе гласаат за доверба или недоверба на раководството на СДСМ. Гласањето е тајно.
Слично
