Заев: Утре одам во Охрид да преговарам со канадска компанија
Зоран Заев, премиерот на Македонија, одговарајќи на пратенички прашања во Собранието, рече дека утре ќе оди во Охрид на преговори со канадска компанија која е заинтересирана да инвестира во земјата.
- Се работи за инвеститор кој планира многу вработувања во струшкиот регион. Околу 100 инвеститори се подготвени да вложат средства и да произведуваат во Македонија. Четири веќе се јавија по ратификацијата на Преспанскиот договор во грчкиот парламент - наведе Заев од собраниската говорница.
Тој додаде дека не планира само да се зголеми уште еднаш минималната плата во Македонија туку и да се намали невработеноста.
- Приоритет е приватниот сектор. Сега невработеноста на национално ниво е 20,8 отсто. До крајот на годината планираме тоа да биде 16 отсто - рече Заев.
