Заев уште еднаш му порача на Иванов да ја поништи неговата аболиција
Барање за поништување на поединечни одлуки за помилување испрати денеска лидерот на СДСМ.
Заев уште еднаш побара од претседателот Иванов да ја поништи одлуката за негова аболиција воедно порача првиот човек на земјава да си поднесе неотповиклива оставка.
„Барам да ги поништите поединечните долкументи за помилување, бр.08-527/1 и бр.08-538/1, објавени во Службен весник на Република Македонија на 12.04.2016 (бр.72)“наведува во барањето Заев.
Како што рече и претходниот пат Заев и овој пат во писмото вели дека ниту побарал ниту прифаќа аболиција.
„Не сме сите исти и не сме сите криминалци. Јас сум невин и својата невиност ќе ја докажам на суд, низ соодветна процедура. Не сакам воопшто да бидам аболициран, ниту помилуван. Не дозволувам да бидам ставен во ист кош со вистинските криминалци во власта, наведува лидерот на СДСМ, и притоа бара Иванов веднаш да ги поништи одлуките за помилување и да поднесе неотповиклива оставка на функцијата“, изјави Заев.
