Заев тврди дека Струмица е најнезадолжена општина во земјава
Опозицискиот лидер Зоран Заев тврди дека општината каде тој е градоначалник, Струмица е најмалку задолжена од сите општини во земјава.
Тој ги наброја условите кои Струмица како општина ги поседува и истакна дека е најдоброто место за инвестирање.
„Струмица има најдобро деловно опкружување, со најдобри практики за транспарентно работење, во интерес на сите нејзини граѓани и е првата општина во Југоисточна Европакоја доби меѓународен Сертификат за поволно деловно опкружување во јуни 2013 година“, вели Заев.
Она што влијаело за економскиот развој на Струмица и привлекување на инвеститорите бил токму овој сертификат како меѓународно признание и печат на сигурност додаде уште првиот човек на најголемата опозициска партија истакнувајќи ги зголемени инвестициските активности на компаниите за кои веќе има проектирано околу 1.300 нови реални работни места.
Заев напомена дека Струмица е единствена општина во земјава која е системски гасифицирана, истакнувајќи дека сега и премиерот знае дека Струмица е најдоброто место за инвестирање во Македонија!
