Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев тврди дека СДСМ е подготвена за избори на 5 јуни

Заев тврди дека СДСМ е подготвена за избори на 5 јуни

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев синоќа од Куманово порача дека партијата е подготвена за избори на 5 јуни.

Вели дека СДСМ ќе опстои до крај за да се случат регуларни, фер и демократски избори. Без прочистен избирачки список и без регулација на медиумите, нема да има избори, додава Заев.

„Јавно упатувам порака до сите, СДСМ е подготвен за избори на 5 јуни, за кои што сме убедени дека промените ќе се случат. Македонија е подготвена за промени, но на Македонија не и прва цел, опозицијата да ја промени власта, туку прва неприкосновена цел се кредибилни избори како гаранција за кредибилна и добра иднина на сите граѓани во Република Македонија“-вели Заев.

Околу 65 % од нивната програма се насочени на економски политики, кои ќе доведат до зајакнување на буџетот на секое семејство. Секој граѓанин на 3 месеци ќе има можност да добие повраток на 15% од ДДВ, преку потрошувачка картичка. Државата ќе инвестира од 20 до 50 милиони евра за зајакнување на домашните и отварање на нови производни капацитети и низа други реформи.

Слично

Поврзани вести