Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев тврди дека „Поткуп“ е местенка, рочиштето одложено!

Заев тврди дека „Поткуп“ е местенка, рочиштето одложено!

Случајот „Поткуп“ во кој опозицискиот лидер Зоран Заев се товари за  наводно побарано мито во вредност од 200 илјади евра од бизнисмен во Струмица.

И денешниот обид да почне судскиот процес за овој случај помина неуспешно.

Рочиштето се одложи за 21  април а причината за одложување беше неприсутноста на адвокатите Филип Медарски и Ване Андреев.

Случајот го води  судијката Дијана Груевска-Илиевска која го предупред Заев доколку не се појават адвокатите во Судот на следниот закажан термин, ќе бидат парично казнети.

Заев пак целиот овој случај го смета за политичка местенка.

„Многу пати имам давано изјави за случајот ,,Поткуп”. Се работи за комплетно местење коешто апсолутно верувам дека и е познато и на јавноста. Никаде во светот нема поткуп без примање или давање на пари. Секако, ние ги поднесовме кривичните пријави и против човекот кој што се обидува да мести поткуп , заедно во организација со обвинителот кој што го прават тоа. Надвор од сите законски процедури и нормативи воспоставено е следење лично на мене, на телефоните и физичко следење. Никако не можеме да дојдеме до наредбите коишто по право го имаме како одбрана да ни бидат доставени и слично. Но секако, во развојот на целиот овој процес јавноста ќе биде секогаш како и досега транспаретно информирана“, изјави лидерот на СДСМ.

Во Судот беше присутен и оштетениот, струмичкиот бизнисмен Иван Николов. За него Заев поднесе кривична пријава  за лажно пријавување и нудење поткуп.

За одбраната овој случај е тенденциозен и контрадикторен и уште една политичка местенка за Заев, а според адвокатот Филип Медарски, поткупот не е примен.

„За да стане збор за обвинение за поткуп, треба да биде примен подарок. Одземањето на корисничкото право на користењето на градежното изградено земјиште не е дејствие што е во рамките на службените овластувања на Заев како градоначалник, туку е во надлежност на Министерството за финансии, односно на Управата за имотно-правни работи. Очигледно е дека при поднесувањето на обвинението имало тенденција осомничениот да се товари за што потешка правна квалификација“, изјави адвокатот Филип Медарски.

Целиот овој случај го води  јавниот обвинител Владимир Милошевски и според него имало доволно докази Судот да го осуди Заев.

Слично

Поврзани вести