Заев: Судска фарса за амнестија на Груевски
После денешново рочиште во судскиот процес за клевета против лидерот на СДСМ зоран Заев тој обвинува дека судскиот процес е еден евтин трик со којшто се намалува оштетното побарување од 500-тини илјади евра на 50 илјади евра, апсолутно е ирелевантно и неважно за целиот овој процес.
„Драго ми е што вие медиумите сте овде присутни, уште еднаш да ја потврдите и автентичноста, веродостојноста и јавноста на целиот овој процес, токму поради вас, достапен за целата јавност, рече пред новинарите после рочиштето Зоран Заев, додавајќи:
-Во целиот овој процес, треба да се утврди дали тужителот договарал, дали е тоа неговиот глас и дали учествувал во продажбата на Македонска банка.
По пат на тужба тој бара оштетно побарување, од мене, како претседател на опозицијата или лично Зоран Заев, заради нанесена штета на честа и угледот.
Сакам да констатирам дека аудио снимката како крунски доказ не е прифатена и Ден Дончев, кој лично ја достави аудио снимката и материјалните докази, лично кај мене на рака, не е повикан да сведочи, иако е генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време.
И денешното рочиште во кое што судот дозволи Никола Груевски да не даде одговор дали гласот на снимката е негов или не и да се повика на партиско соопштение, само по себе ја потврдува оваа фарса, којашто апсолутно според мене и моите адвокати има извесен крај.
Се е јасно и после неприфаќањето на Ден Дончев, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во тоа време, доставувачот на снимката и конкретните материјални докази и повторното одбивање од страна на судот, да не биде прифатен како доказ, само по себе ја потврдува извесноста од решението на целиот овој процес, прецизира Заев“.
