Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Судот не сака да се утврди правдата!

Заев: Судот не сака да се утврди правдата!

„Никаде во светот не постои суд којшто избегнува, одолговлекува и не сака да утврди правда“, изјави денеска лидерот на опозицијата кој се појави во судот во рамки на судењето за предметот „Пуч“.

Денешното судење беше одложено поради недоставените копии од докази од страна на судот до СЈО.

Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева случајот го одложи за трети мај, а како сведок тогаш го повика да сведочи лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.

Запрашан за коментар во однос на сведокот којшто го бара Катица Јанева Заев рече дека овој предмет има еден сведок а тоа бил Груевски и лидерот на СДСМ посочи дека Груевски избегнувал да се појави пред суд.

Слично

Поврзани вести