Заев: Струмица утре ќе биде пред Парламентот, мора да се избориме за иднината на Македонија
Стигнува поддршката за пратениците на опозицијата од Струмица и од Источна Македонија. Утре рано наутро Струмица ќе биде пред Парламентот, соопшти вечерва потпретседателот на СДСМ, Зоран Заев.
„Денеска со нашето собирање почнува да се гради совеста на Република Македонија. Денеска дефинитивно се прекршија работите. И јас сум Градоначалник и јас носам буџет. Секоја година 5-10 општини носат буџет во април и во мај, и во Америка се носи буџет во април и во мај, па има плати има се. Нека оди Груевски во Охрид да види како успешно се води општина чиј буџет е блокиран 8 години,“ изјави Заев.
Тој истакна дека опозицијата нема да дозволи државата, на идните генерации да и се остави во големи долгови и финансиски опустошена.
„ Затоа денеска не протестираме само против тоа што некој сака бескрупулозно да троши пари. Денеска парите одат секаде само не таму каде што треба, кај својот народ, да му се помогне кога му е најтешко. Денеска со кршењето на Уставот, на деловникот и на македонската демократија, пуштија силен сигнал дека за нив нема застанување. Затоа денеска сме овде да кажеме стоп на кршењето на достоинството и на демократијата на оваа напатена земја, да покажеме дека нема да дозволиме да нѐ клекнат на колена, да ни ја уништат темелната вредност на Уставот, демократијата и правото. Нема кој друг да го охрабри овој наш народ ако не ние, опозицијата. Ова зло мора да престане, ако треба 1, 2, 5 дена, колку што треба, ќе бидеме овде, се додека не се избориме за иднината на нашата земја“, рече Заев.
Слично
