Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Струмица покажа дека просперитет е можен и без задолжувања!

Заев: Струмица покажа дека просперитет е можен и без задолжувања!
Опозицијата денеска во Струмица го одржа својот граѓански парламент. Градоначалникот на Струмица пред своите сограѓани порача дека живеат во најпросперитетната општина, и дека Владата може само да им завидува на добрите резултати што ги постигнале. -Денес секој струмичанец каде и да оди е горд на својата Струмица. Секаде со полна уста убави зборови за нашата Струмица. Не’ прогласија за најтранспарентна општина, не прогласија за најперспективна опшитина, не’ прогласија за најдобро место за живеење и најважно од се’ е тоа што се’ што е направено во Струмица е направено без ниту еден денар кредит, без ниту еден нов долг и задолжување на граѓаните на општината. Заев порача дека е многу лошо што во 21 век се уште се зборува за демократија, слобода. - Ќе се избориме за неа, па макар и последна да ни е – порача  Заев на Граѓанското собрание. Тој истакна дека седум години по ред Струмица држи лекции од секој аспект на оваа, како што рече ненародна и недемократска власт. -Во овој прекрасен објект е изградена првата катна гаража во Република Македонија за 380 возила. Почнаа во Скопје по нас да градат еден куп катни гаражи. Пола сега од нив сега се празни, а има и со барокни фасади. Тргнавме да го правиме најголемиот плоштад на две нивоа, и тргнаа по нас да градат плоштад и забегаа некаде – рече Заев.    
Слично

Поврзани вести