Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Струмица претендира да стане центар за одгледување на луксузно цвеќе

Заев: Струмица претендира да стане центар за одгледување на луксузно цвеќе

Градоначалникот Зоран Заев денеска ја објави веста дека Струмица и Струмичко, покрај за земјоделие претендира да стане центар и за одгледување на луксузно цвеќе. За таа цел, холандска компанија ќе инвестира во изградба на нов капацитет, на парцелата веднаш до хрватски „Агрикор Фруктис“.

„Се работи за голема светски рангирана компанија од Холандија која ќе одгледува цвеќе, под вештачки услови, во форма на расад. По трагање во седум други земји и седумнаесет различни места во државата, се одлучи да инвестира тука, заради поволностите кои им ги нудиме на странските инвеститори“, рече градоначалникот Зоран Заев.

Холандската фирма која веќе купила 42.889 метри квадратни, до „Агрикор Фруктис“, во индустриската зона, и изградбата на капацитетите се очекува да почне во септември.

Инвестицијата опфаќа изградба на производствен погон, со големина од 10 до 11 илјади метри квадратни, а треба да  вработи 250 лица. Засега не се открива името на холандската компанија.

Слично

Поврзани вести