Заев стравува од државен долг кон компаниите од 1 милијарда евра
Лидерот на СДСМ на средбата со стопанствениците од Стопанската комора на Северо-Западна Македонија ги истакна своите сомнежи дека државата кон приватните компании должи околу 1 милијарда евра иако никој не ја открива точната сума.
Заев истакна дека има многу скриени долгови кои што не се знаат, но вети дека во првитте 100 дена од владата, доколку дојдат на власт, ќе ја објават таа сума.
Претставниците од Стопанска комора на Северо-Западна Македонија, денеска разговараа со лидерот на СДСМ Заев и со Оливер Спасовски, Драган Тевдовски и Петре Шилегов за економската програма на СДСМ, но и платформата која што оваа комора им ја претстави на политичарите пред претстојните избори за подобрување на економијата во државата и оценија дека добар дел од проектите се вклопуваат со нивните заложби..
