Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев спреми пет барања за Груевски

Заев спреми пет барања за Груевски
На претстојната средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, лидерот на СДСМ Зоран Заев најавува дека ќе испорача пет барања. Еден од нив е формирање на техничка влада - услов без кој опозицијата не се враќа во Собрание. „Тоа да е од сега јасно. Тоа е клучна тема на разговор помеѓу власта и опозицијата. Задача на таа техничка влада ќе биде да организира и да спроведе избори, на коишто граѓаните ќе можат слободно да ја изразат својата волја“, вели Заев. Останатите барања вклучуваат: одвојување на партијата од државата, регулација на медиумите и правична застапеност на опозицијата на јавниот сервис МРТВ и на останатите медиуми, допрецизирања во изборното законодавство и посебно, јасно прецизирање на Избирачкиот список, како и спроведување Попис на населението. „Без прифаќање на овие барања, коишто создаваат основен предуслов за фер избори, договор нема да има. Искуствата од договорите со Никола Груевски покажуваат дека тие практично не се реализираат. Затоа, нагласувам дека се што евентуално ќе се договори во иднина со Груевски, ќе се смета за договорено, само ако во неговото спроведување, целосно биде вклучена опозицијата, и за реализиацијата, гарант биде претставник на Европската унија“, рече Заев.    
Слично

Поврзани вести