Заев: Со сума над 61 милион евра банките финансираат изборна корупција
Лидерот на опозициската СДСМ денеска закажа итна прес конференција на која укажа дека со последната одлука на ДИК e политички диригирана одлука на штета на граѓаните .
Заев ги повика банките да се водат од државниот интерес и од интересот на граѓаните и истакна дека тие мораат да имаат во предвид дека сите аукции на државни хартии од вредност коишто немаат согласност од дополнителниот заменик министер за финансии, ќе бидат предмет на дополнително законско преиспитување, од аспект на нивно третирање како законски јавен долг.
„Секое задолжување, поголемо од износот потребен за враќање на доспеани долгови по основ на државни хартии од вредност во наредните закажани аукции, СДСМ ќе го третира како можност за злоупотреба на средства за изборни манипулации, лично од страна на Никола Груевски“, изјави Заев.
Заев истакна дека секоја банка треба да има во предвид дека над сумата од 61 милиони евра, всушност се финансира изборна корупција.
„Не може правото на вето на дополнителниот заменик министер да биде почитувано кога се работи за задолжување на меѓународен план, а да не важи за задолжувањето кај домашните банки“, рече Заев.
Македонија не смее да си дозволи да живее само од позајмици и постојно задолжување, затоа Заев вети дека СДСМ ќе стори се за да спречи изборна корупција и злоупотреба на јавните финансии за изборни цели.
[embed width="700" height="450" ]https://youtu.be/Az-4eQtKAtA[/embed]
