Заев со поддршка за новинарите, реформи во медиумите за фер избори
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев заедно со претставникот на преговарачкиот тим на СДСМ, Роберт Поповски денеска се сретна со претставници Здружението на новинари на Македонија, Независниот синдикат на новинари, Институтот за комуникациски студии и Високата школа за новинарство, Советот за етика и Македонскиот институт за медиуми.
И новинарите и Заев се согласни дека реформи во медиумите треба да има, а медиумите не треба да прават пропаганди, туку да се придржуваат до професионалните стандарди.
„За иднината на Република Македонина во моментов нема ништо поважно од фер, регуларни и демократски избори. Нема кредибилни избори без медиумски реформи. Сегашниот систем на медиумска пропаганда и на манипулации во информирањето мора да биде срушен поради тоа што е корумпиран и недемократски, им штети на професионалното новинарство и на правото на граѓаните да бидат објективно информирани“- вели Заев.
Заев додаде дека реформите во медиумите не се само обврска што произлегува од Договорот во Пржино и од Извештајот на Прибе, туку тоа го бара и Европската Унија во Извештајот за Македонија, за продолжување на евроинтеграцискиот процес на земјава.
Слично
