Заев: Со овие снимки се прави кривично дело – неовластено снимање и прислушкување
Овој пример покажува како функционира Груевски и го потрдува сето она што го зборувам јас, потенцира Заев.
„Вака се снимаат лидерот на опозицијата и илјадници граѓани во земјава, а прикажаниот видео материјал потврдува дека Никола Груевски ги снима оние коишто доаѓаат на политички средби во неговиот кабинет, вели Заев.
[button color="orange" size="big" link="http://faktor.mk/2015/02/02/vo-vreme-na-istragata-za-puch-niknuvaat-snimki-na-jutjub-od-razgovori-megu-zaev-i-gruevski/" target="blank" ]Никнуваат снимки на Јутјуб од разговори меѓу Заев и Груевски[/button]
Тој истакнува дека со вакото постапување премиерот прави кривично дело неовластено снимање и прислушкување според член 151, став 3 и член 152 од Кривичниот закон, а денеска тоа се покажа и во јавноста.
„Што се однесува до содржината во видео клипот, во обраќањето на 31.01.2015, Заев јасно посочува дека неверојатно е премиерот Груевски да мисли дека Зоран Заев во разговор ќе го открие идетнтитетот на лицата што ги доставиле доказите до него“, се вели во соопштението на опозицијата.
