На денешната шеста по ред прес конференција лидерот на опозицијата Заев објави низа аудио разговори во кој според него во разговор меѓу две лица машко и женско се гласовите на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска и министерот за финансии Зоран Ставрев.
Можеше да се слушнат доста аудио разговори во кои според лидерот на опозицијата Зоран Заев се докази дека Премиерот издавал наредби за неуставно и незаконско подигнување на милионски кредити од странство, реклами, споменици и уметнички слики, кога биле доведени во прашање платите на вработените во администрација.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/03/02/bomba-6-politsajtsite-spijat-na-zhelezni-kreveti-od-jna-a-pari-se-frlaat-na-milonski-spomenitsi-i-umetnichki-sliki/" target="blank" ] „Бомба 6“: Полицајците спијат на железни кревети од ЈНА, а пари се фрлаат на милонски споменици и уметнички слики[/button]
Заев на крајот на прес конференцјата истакна и посочи дека се надева дека Премиерот нема да направи белја, во смисла дека нема да создаде немири после објавените аудио разговори од позицијата.
Тој им порача на сите трпеливо да ја следат состојбата и чекор по чекор ќе објават се, бидејќи како што истакна ако не го направат тоа, премиерот и Мијалков би можеле да го свртат необјавеното против нив.
Опозиционерот на прашањето дали имаат докази за нарачано убиство кај Смилковското езеро истакна дека нема но имаат докази од таа сфера и за нив не очекува правна разрешница но очекува дека кога ќе ја соопшти целата вистина консеквентно на тоа ќе стигне и политичката разрешница и дека крајот на овој режим и диктатура во Македонија доаѓа.