Заев со надеж дека обвинителството ќе постапи согласно со законот
Лидерот на опозицијата денеска беше во Основното јавно обвинителство да даде исказ како сведок.
Тој е оштетен во постапката иницирана со поднесената Кривична пријава од страна на СДСМ за неовластено прислушување,се вели во соопштението на СДСМ.
После исказот Заев потенцира дека и покрај сомневањата во правосудниот систем, сепак пријавата е од причини познати, за да има пишана трага и да се покаже дека СДСМ ги почитува Уставот и законите на Република Македонија изразувајќи надеж дека обвинителството ќе постапи согласно со законот и Уставот на Република Македонија, ниту повеќе, ниту помалку.
Со тоа според него ќе испратат силна охрабрувачка порака за ова наше општество, ќе испишат историја и ние тоа јавно ќе го поздравиме.
„Се надевам дека ќе се враќа довербата во институциите, во правосудството, паралелно со вистината во Република Македонија“, истакна на крај Заев.
