Заев со коментар за новата функција министер за финансии
-Мојата намера е да ги носам крупните одлуки од кои бенефит ќе имаат граѓаните. Секако, самите раководители на секторите и на единиците си носат свои одлуки. Тие се независни органи како Имотно-правната служба, Управата за јавни приходи, царините и сите други институции кои се под финансии, дури и самите сектори кои се во рамки на Министерството. Имам намера да ја делигирам надлежноста, луѓето да носат одлуки, а притоа да носиме крупни и знајачни одлуки од кои бенефит ќе имаат граѓаните. Oва го кажа премиерот Заев по отворањето на Контролниот центар за патарини и патишта во Петровец.
Тој времено треба да ја преземе функцијата министер за финансии до назначувањето на нов министер, денеска изјави дека неговата намера е да ја делигира надлежноста и да ги носи крупните одлуки од кои бенефит треба да имаат граѓаните додавајќи дека утре правниот тим треба да ги предложи сите механизми околу временското преземање на функцијата министер за финансии.
– Сите одлуки ќе бидат јавно објавени. Целта е да покажеме една пракса која постои во барем седум држави. Навистина годинава сакаме на економијата да ги максимилизираме ефектите. Довербата секогаш сум ја делигирал со достоинствена доза на храброст и така ќе биде и овој пат во делот на финансиите, рече Заев, додавајќи дека за него е формалност дали документите ќе ги потпишува заменик-министерот, раководителот на секторот...-кажа Заев.
