Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Со Грција ќе отвориме зелен коридор

Заев: Со Грција ќе отвориме зелен коридор

Премиерот Зоран Заев во обраќањето на Првиот Економски Форум во Скопје рече дека во моментов се прават подготовки да се отвори т.н зелен коридор со Грција за слободен и приоритетен проток на стоки. Ваква иницијатива минатата година беше прифатена во ЦЕФТА, односно помеѓу земјите од Западен Балкан.

- Од големо значење е прифатената иницијатива за проширување на зелените коридори, кои беа воспоставени во пандемијата. Таа одлука е донесена, зелените коридиопри се многу битни за трговската размена. Грција и Северна Македонија се соседни држави, а ваквиот коридор ќе има силно влијание на економијата. Грција ќе биде првата членка на ЕУ со која ќе го отвориме зелениот коридор. Тимови од мојот и од кабинетот на Киријакос Мицотакис веќе работат на тој план, рече Заев. 

Премиерот како еден од приоритетите го наведе унапредувањето на трговската размена и движењето на луѓе, стоки и услуги преку границите, дигитализација, како и паметна специјализација и подобрени работни вештини кај работниците, како и истражување и иновации во индустријата.

Заев најави дека до крајот на 2021 ќе има пад на невработеноста на 15,8 отсто.

Слично

Поврзани вести