Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев со честитка за католичкиот Велигден

Заев со честитка за католичкиот Велигден

Лидерот на опозицијата денеска упати честитка по повод католичкиот Велигден до  Бискупот скопски и апостолски егзарх, г-дин Киро Стојанов, како и до сите верници од католичка вероисповед во земјава.

„Во мое име, и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Ви упатувам срдечни честитки на Вас, и на граѓаните коишто го празнуваат денешниот најголем христијански празник Воскресението Христово Велигден.

На сите верници од католичка вероисповед во Република Македонија, и Вам лично, Ви посакувам да ги поминете Велигденските празници во духовен мир, семејна хармонија и во добро здравје.

Искрено верувам дека сите ние заедно се залагаме за создавање подобра, посветла иднина за Република Македонија кадешто меѓусебното разбирање, взаемното почитување и толеранцијата меѓу сите граѓани ќе бидат основни темели за заеднички и спокоен живот“, стои во честитката на опозицискиот лидер.

Слично

Поврзани вести