Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Снимките не се монтажа, Груевски да си поднесе оставка

Заев: Снимките не се монтажа, Груевски да си поднесе оставка
Лидерот на опозицискиот СДСМ Зоран Заев денеска се огласи со нова пресконференција по вчерашната објава на аудио снимки со кои го обвинува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски дека зел кеш за продажбата на Македонска банка на српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ-Нини. Според Заев, по ваква објава „во нормална земја, политичари од таков калибар веднаш поднесуваат оставка и веднаш заминуваат од политичката сцена“, додека Груевски избрал да тврди дека снимките се монтирани. „Дали се монтажи или не, прво граѓаните имаа прилика да ги слушнат и секој може да донесе оценка. Ако му е потребно на Груевски да докажува дали се монтажи или не , снимките се јавно достапни насекаде, може да ангажира најсовремени институции од каде било во светот, да му покажат дали овие снимки се монтажа или не. Секако, спецификата на гласот и на неговото зборување, дополнително потврдува дека не се работи ниту за монтажи, ниту за какви било креации, туку за одговорен пристап на опозицијата, којашто е должна се што има да сподели со јавноста. Така е и по закон, затоа што јавноста е должна да знае со кого си има работа, на кого би дала поддршка во иднина и како тоа би се одразило врз идниот живот на сите граѓани на Република Македонија“, вели Заев.
Слично

Поврзани вести