Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Снимката за Македонска банка ми ја даде Ден Дончев!

Заев: Снимката за Македонска банка ми ја даде Ден Дончев!
Лидерот на СДСМ Зоран Заев во својот исказ пред судот на денешното рочиште од судскиот процес за клевета што против него го покрена премиерот Никола Груевски откри дека аудио снимката со која ги поткрепуваше своите тврдења за аферата „Македонска банка“ ја добил од Ден Дончев. Ова е првпат Заев официјално да го открие изворот на снимката на која наводно се договара продажбата на банката и на која токму Дончев е наводниот посредник меѓу Груевски и српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ - Нини. „Мојата мотивација е граѓанската одговорност и по долго советување и согледување на фактите, но и свесен дека тие информации можат да претставуваат навреда и клевета, одлучив да ги обелоденам сознанијата до кои дојдов“, рече Заев, од кого Груевски за изнесена клевета бара отштета од 500.000 евра. Судот не ја прифати аудио снимката како доказ, а не го повика за сведок ниту Дончев. Претходно, Груевски се изјасни дека сите обвинувања против него во овој случај се смислена кампања за негова дискредитација. Груевски пред суд: Имам тешка душевна болка од клеветите на Заев! Вчера пред судот исказ даде и српскиот бизнисмен Газда Нини кој негираше дека го познава Груевски и дека со него ја договарал продажбата на банката. Газда Нини сведочеше на суд во корист на Груевски    
Слично

Поврзани вести