Заев: Сите знаат дека Мирослав Шиповиќ нема да бега
Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 го продолжи притворот на Мирослав Шиповиќ, претседателот на СДСМ Зоран Заев вели дека ќе ги искористат сите средства за докажување на правдата во овој случај.
„Притворот на Шиповиќ беше издаден под сомневања да не се пушти во бегство. Тој спротивно на тоа, го прекина својот престој во Америка и се врати назад. Овој пат притворот е продолжен со две мерки. Да не се пушти во бегство и да не влијае врз истрагата. Истрагата е завршена, сведоците се сослушани, тој повеќе не е претседател на Управниот одбор и сите знаат дека тој нема да се пушти во бегство“, истакна Заев кој најави дека останува одлуката со која ја стопираат работата на комисијата за настаните од минатогодишниот 24 декември, не учествуваат во работата на ЗЕЛС исто како и дека нема да гласаат за двотретинските закони во Собрание.
Претходно Заев, пратениччката Радмила Шеќеринска, градоначалникот на Центар Андреј Жерновски и уште неколку функционери од опозицијата како гаранција Шиповиќ да се брани од слобода, најавија дека ќе ги приложат своите имоти пред судот. Судот не ја прифати ниту гаранцијата на самиот Шиповиќ кој го понуди станот од 70.000 евра.
Шиповиќ се товари за злоупотреби при работењето во случајот „Машинопромет“ односно дека додека бил на раководна функција проневерил милион евра.
Слично
