Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Шефот на тајната полиција примил милиони од Израелците

Заев: Шефот на тајната полиција примил милиони од Израелците

Опозицискиот Социјадемократски сојуз објави нови снимки од наводни телефонски разговори на високи државни функционери.

Овој пат беа објавени разговори од Шефот на тајната полиција со неговите соработници и со претставници од израелското Министерство за одбрана за корупција, како што тврди опозицијата, при набавка на опрема за прислушкување во 2013 година.

Во 2011 година Македонија набавила опрема за прислушување од Израел во вредност од речиси 14 милиони евра за потребите на полицијата.

Во објавените снимки од наводни разговори се слуша како шефот на тајната полиција и братучед на премиерот Сашо Мијалков, бара провизија од Израелците за договорениот бизнис.

Лидерот на СДСМ Зоран Заев рече дека на снимките се слуша како на шефот на тајната полиција му е платен милионски износ во евра.

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/04/01/mvr-go-demantira-zaev-mijalkov-sprema-tuzhba/" target="blank" ]МВР го демантира Заев, Мијалков спрема тужба![/button]

Мијалков најави тужба

Заев рече: „Еве што пишува Сетлана Костова Мијалкова: „Директоре, денес пријателот испрати 540 илјади евра. Хаим, како што беше договорено со вас, доаѓа повторно на 12 мај и би требало да се видите со него. Еве уште една порака. Оваа порака покажува дека десет дена после состанокот со Израелецот Хаим Хакејниј со Мијалков тој на Мијалков му префрлил уште 840 илади евра како што се договориле“:

Сашо Мијалков, шефот на македонската тајна полиција, најави покренување на судски процес против Зоран Заев.

„Зоран Заев денеска изнесе огромен број лаги и конструкции со кои повторно му нанесе огромна штета на Министерството за внатрешни работи како институција, но и мене лично како Директор на Управата за безбедност и контраразузнавање.

За штетата и насилството кон државните институции против него веќе се води истрага во рамки на Оперативната обработка „Пуч“. За клеветите и конструкциите изречени против мене, Зоран Заев ќе добие соодветна пријава“, рече Мијалков.

СДСМ веќе со недели објавува снимени разговори од високи државни претставници, на кои, како што тврди им открива корупција.

Опозицијата ја обвини власта за кршење на основните човечки права во Македонија и поднесе кривични пријави.

Владеачката ВМРО ДПМНЕ тврди дека снимките се монтирани и дека Заев е под контрола на странски ораганизации.

Слично

Поврзани вести