Заев се закани дека ќе пушти уште “бомби” против Груевски
Лидерот на опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) Зоран Заев изјави дека очекува специјалниот обвинител да биде избран до 15 септември, а до изборите да бидат покренати првите обвиненија.
Во спротивно ќе продолжи да објавува снимки од прислушувани телефонски разговори на лица од власта, пишува "Утрински весник".
Заев истакна дека е убеден дека ќе биде најдено решение за избор на специјален обвинител до 15 септември.
"Едно нешто мора да биде јасно. Ако специјалниот обвинител биде избран до 15 септември, тогаш сите ќе имаме исполнета една точка од договорот. Но тоа не значи само исполнување на договорот, а значи дека Заев и опозицијата ќе ги предадат сите материјали на обвинителот ", истакнал лидерот на СДСМ.
