Заев: Се отпишуваат каматите на долговите до крајот на 2017
Премиерот Зоран Заев најави измени во законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови со кој ќе се избришат сите камати кои ги имаат граѓаните кон јавните претпријатија на централно и локално ниво и државни установи до крајот на 2017-та.
- Голем број на случаи го загрозуваат нивното достоинство, а јавните претпријатија и самите знаат дека тие наплати тешко се остваруваат. Оваа пракса да ја следат и приватните доверители. Исправаме уште една неправда направена во 2011. Се бришат сите долгови и камати. Целосен отпис на каматите и репрограмирање на долговите во рок од три месеци да направат јавните претпријатијата. Се надевам и дека приватните доверители ќе се солидаризираат. До сите оние ЕВН, Телеком, банките и многу други самите знаат дека се тешко наплатливи ваквите долгови и барем да ги отпишат каматите, рече Заев.
Граѓаните корисници на гарантираната минимална помош, кај оние кои заработуваат помалку од просечна плата и добиваат помала просечна пензија извршувањето нема да може да биде поголемо од една петина од доходот месечно.
- Овој предлог на закон ќе биде разгледан на утрешната владина седница, а потоа ги повикувам пратениците од Собранието да ги поддржат овие измени, рече Заев.
Тој додаде дека роковите на отплата на долговите кои се цел на извршување ќе имаат прецизни рокови.
