Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев се фати за работа: за силна опозиција како коректив на власта

Заев се фати за работа: за силна опозиција како коректив на власта
Новиот лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со Премиетот Никола Груевски, евроамбасадорот Аиво Орав, но и американскиот амбасадор во Македонија, Пол Волер. Се разговарало за состојбите во земјава, за улогата на опзицијата во идните процеси. За време на средбата со Волерс, Заев зборувал за актуелните состојби во земјата и за плановите на новото политичко раководство на партијата стои во партиското соопштение. Од партијата појаснуваат дека амбасадорот го истакнал значењето и улогата на силна опозиција како вистински коректив на власта. Заев пак уверувал дека СДСМ ќе продолжи со својот позитивен однос кон евроатланските интеграции на Македонија и ќе ги поддржи сите реформи за членство на земјата во ЕУ и НАТО. Средба со Груевски- ќе се расчистуваа настаните од 24-ти декември Претходно Заев ја имаше најавената средба со лидерот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Средбата според изјавите минала во мирна атмсфера, а паднал договор во следните некоку дена да се разговара за формирање комисија за истрага на настаните од 24 декември, во насока на спроведување на мартовскиот договор. „Исчекорот се однесува на преземање обврска во наредните три четири дена директно да комуницираме ние или нашите претставници во изнаоѓање решение на ова прашање. Целта е да направиме напори да ја косолидираме, да почне да работи комисијата“, изјави Заев. На прашањето дали со Груевски разговорале за спорот за името и за работи поврзани со партијата која ја предводи, но и за идната улога на досегашниот лидер Бранко Црвенковски, Заев не коментира.
Слично

Поврзани вести