Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Резултати од структурни реформи не може веднаш да бидат видливи

Заев: Резултати од структурни реформи не може веднаш да бидат видливи

Премиерот Зоран Заев во денешното експозе за реконструкцијата на Владата изјави дека се разбирливи критиките што произлегуваат од високите очекувања, и оти критиката ја сфаќа како можност за корекција на власта. За структурини реформи какви што започна оваа Влада, кажа Заев, неопходно е малку повеќе време имајќи ги предвид последиците од разурнатиот систем.

– Системот го регенериравме од внатре во самите институции, рече премиерот. Ги уверувам граѓаните дека сме на вистинскиот пат, се движиме во добра насока, и во тоа ќе бидат уверени сите граѓани на нашата земја знаејќи дека ни претстојат сериозни реформски активности, реализација на  големи одлуки од пресудно значење за РМ. Еден добар период поминавме и во консолидација на политичкиот амбиент, во создавање на услови за јакнење на парламентарното мнозинство да создадеме колку што е можно поголемо одобрување и прифаќање на одлуките што ни доаѓаат многу скоро. Ова се одлуки,  кои ја определуваат иднината и историјата на нашата заедничка држава, рече Заев..

Тој изрази задоволство од постигнатото и посочувајќи дека Владата работи согласно околностите во кои се најде и во кои се наоѓа Република Македонија.


Слично

Поврзани вести