Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Регистарот ќе ја промовира земјата како поволна дестинација за бизнис

Заев: Регистарот ќе ја промовира земјата како поволна дестинација за бизнис


Регионалниот Регистарски портал е силна поддршка за здравата деловна клима и ја промовира на нашата земја како поволна дестинација за инвестиции и за поврзување на регионот, беше оценето на конференцијата на Форум за корпоративни регистри:

Со оваа активност се поврзуваат економски земјите во светот, а бизнис-регистрите се сметаат за поттикнувачи на меѓународната соработка и трговија. Тие значат проширување на податоците надвор од националните рамки, така што информациите ќе ги имаат сите деловни структури и надвор од земјата.

„Во оваа прилика сакам и да го поздравам пуштањето во употреба на Регионалниот регистарски портал од страна на Агенцијата за деловни регистри на Република Србија и Централниот регистар на Република Северна Македонија, поддржан од Европската банка за обнова и развој. Регионалниот регистарски портал е силна поддршка за здравата деловна клима и ја промовира на нашата земја како поволна дестинација за инвестиции и за поврзување на регионот. Како дел по пошироката рамка на Берлинскиот процес за Западен Балкан, Регионалниот регистарски портал претставува еден од фундаменталните инфраструктурни проекти за поврзување на регионот. Со него се обезбедува слободен проток на информации и деловни потфати и креирање на заеднички пазар, а формирањето на управниот одбор на Порталот беше токму овде во октомври минатата година“, истакна премиерот Заев.

Претставници на корпоративни деловни регистриод над 60 земји и повеќе од 160 делегати од цел свет ќе ги споделат светските практики поврзани со функционирањето и менаџирањето на корпоративните системи за регистрација на бизнис на годишната конференција на Форумот за корпоративни регистри која од денеска до четврток се одржува во Скопје и во Охрид.

Во работните сесии на конференцијата ќе бидат опфатени 12 теми, меѓу кои се прекуграничната размена на информации меѓу регистрите, искуствата од дуинг бизнис, предизвиците при управувањето со модерните регистри, новите ИТ технологии во оваа област и сл. Говорници на овие теми се врвни експерти од целиот свет коиќе придонесат оваа годишна средба да биде катализатор на позитивни промени и дополнителен напредок во оперирањето на регистрите.

На овој настан се обрати и директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, како и претседателката на Форумот за корпоративни регистри, Розан Бел, и секретарот на Корпоративниот регистарски форум, Мајкл Броснахан.

„Во време кога за светот се вели дека е глобално село, бизнис-регистрацијата е исклучително затворен процес. Почнуваме со размена на квалитетни, официјални податоци, но размислуваме и разговараме за сето она што можеме ние, како регистри, како јурисдикции, да го направиме за да поддржиме и да поттикнеме прекугранична соработка на бизнисот“, наведе Бошковска-Јанковски.



Слично

Поврзани вести