Заев: Ребаланс на буџетот за да се платат вакцините и да се купат фингерпринтовите
Премиерот Зоран Заев најави дека ребаланс на буџетот ќе има до крајот на првата половина од 2021, а тоа, вели тој, било најавено уште на крајот од минатата година.
„Ребалансот значи пари да се платат вакцините, да се исполни барањето на опозицијата за купување на фингерпринтови за избори, да ги развиеме земјоделските политики, да ги поддржиме сите пакети на мерки и да бидеме подготвени секако за се што следува“, искоментира премиерот на новинарско прашање.
Според Заев, растат бројките и параметрите на собраните приходи и на меѓународните кредитирања, а се очекуваат и приходи од пакетот на економска помош за закрепнување што ќе го додели ЕУ.
- Минситерството за финансии ќе го разработува ребалансот во следните 10 дена и ќе разговара со сите засегнати институции, а се очекува да влезе во парламентот во првата половина на јуни, олекува претседателот на Владата.
