Заев: Првите екстракти од канабис се готови, одат за извоз
Премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање денеска изјави дека во Македонија веќе се направени првите екстракти од канабис за медицински цели и дека се очекува првиот извоз откако е стапена во сила либерализацијата на оваа дејност во земјата.
- Многу странски компании имаат голем интерес да инвестираат на ова поле на раст и експлоатација на канабисот. Веќе е влезена компанија од Канада, има од Холандија и така натаму. Оваа политика ја започна претходната Влада и ние тоа го поздравуваме како потег - рече Заев.
Премиерот напомена дека пазарот со производи од канабис вреди 500 милијарди евра во светот, а во иднина се очекува тој да порасне десеткратно.
Слично
