Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев прв на средба со Ховит, Вајгл и Кукан-Следни Ахмети, Тачи и Груевски

Заев прв на средба со Ховит, Вајгл и Кукан-Следни Ахмети, Тачи и Груевски

Краток и јасен став дојде после средбата на опозицискиот лидер Зоран Заев кој прв имаше разговори со тројцата европратеници Ховит, Вајгл и Кукан.

Европратеничката тројка која синоќа пристигна во земјава соопшти дека средбата поминала во добра и конструктивна атмосфера.

Бриселските пратеници после средбата со Заев се очекува и да се сретнат и со Али Ахмети и Мендух Тачи, а на крај со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

„Заеднички беше оценето дека Договорот од Пржино мора да се исполни во целост за да се создадат потребните услови за одржување слободни, фер и демократски избори во Македонија“, соопштија од кабинетот на Заев.

Европратениците констатирале дека евентуални избори на 24-април нема да бидат признаени од меѓународната заедница.

Имено, тие дојдоа на одлучувачкиот ден за изборите кога се очекува да се донесе одлука дали Собранието ќе се самораспушти или сепак ќе се одложи.

Нивната мисија е да успеат да го спасат договорот од Пржино но и да ги приближат ставовите на политичките лидери кои се со спротивставени мислења.

Од опозицијата денеска депонираа условни оставки, а министерот на МВР во техничката Влада во име на СДСМ Оливер Спасовски рече дека министрите и дополнителните министри излегуваат од Влада, доколку на полноќ се донесе одлука за распуштање на Парламентот.

Слично

Поврзани вести