Заев: Протестите се во тек и ќе се интензивираат!
Нема услови за избори, нема рефроми во медиумите, не е прочистен избирачкиот список, извршен е државен удар, догворот од Пржино е погребан...Никола Груевски и неговата група прават се да се заштита од корупцијата во изминатите години.
Тие брутално ги погазија сите човекови права, а денеска порачаа дека демократијата не живее повеќе тука.
Вака ја започна прес конфернцијата лидерот на СДСМ.
По денешното обраќање на Иванов и неполекувањето на одлуката за аболиција, Заев рече дека не треба да остане ниту еден ден повеќе на позицијата на која е поставен.
Тој рече дека изборите на 5 јуни Никола Груевски ги направил невозможни и рече дека избори на 5 јуни нема да има.
Демократијата, слободата и правдата живеат и ќе живеат во РМ.
Протестите се во тек и ќе се интензивираат. На 25 годишнината од нашата независност сите ние овде заедно ветуваме дека достоинствено ќе го одбраниме нашето најсвето право, правото на демократија и слобода.
Македонија залужува фер и регуларни избори.
Наскоро повеќе детали од прес конференицјата
