Заев продолжи со „бомбите“, денеска открива …
Пред очите на јавноста се неспорни фактите што ги обелоденуваме во проектот Вистината за Македонија, изјави лидерот на опозицијата Зоран Заев кој денеска на прес конференциија ја соопшти 5-та таканаречена „бомба“.
Никола Груевски и Сашо Мијалков неовластено масовно прислушувале, злоупотребувајќи ги своите овластувања, користејќи ги сите државни механизми и апаратура за свои лични цели. За воспоставување целосна контрола врз `се во државата, посочи Заев.
„Јасно е зошто Никола Груевски, онака осамен излезе на прес конференција и изнесе лаги, нереални и контрадикторни тези. Се работи за неговото сопствено спасување и затоа продолжува да ја лаже јавноста“, рече Заев притоа напоменувајќи дека ќе ја открие нови докази како и што направи.
Имено повторно беа пуштени неколку разговори, во кои според Заев целта е политичка одмазда кон Фиајт Цаноски.
Од првиот разговор можеше да се слушне како премиерот диктира кога да се достави решението за рушење на објектот Космос, до инвеститорот Фијат Цаноски. По инструкции на Груевски, тоа треба да биде после “три – четири“ часот попладне.
Во следниот разговор Јанакиески добива насоки од Груевски како да се збрише објектот Космос. Груевски нарачува кај Јанакиески промена на Деталниот урбанистички план и преадаптација на просторот во “парк со фонтани“.
По некоја минута Груевски се предомислува и доаѓа до нова идеја во неговиот одмазднички план кон Цаноски. За да го снема објектот Космос, Груевски бара од Јанакиески да се сменат и Генералниот и Деталниот урбанистички план.
Следуваат инструкции на Јанакиески од Груевски за почетокот на рушењето на објектот Космос. И датумот го одредува Груевски. Проценува дека е најдобро по изборот на Влада, за опозицијата да не го напуштела Парламентот поради случајот.
Во следниот разговор со Јанакиески, Груевски носи конечна одлука, дека е подобро објектот Космос да се руши “во фул сезона на годишни одмори“, па дава нови инструкции акцијата да почне на 1 август.
Следниот разговор помеѓу Јанакиески и Груевски е во текот на рушењето. Груевски не е задоволен од спроведеното, вели дека била направена “многу ситна штета“. Дополнително, овој разговор ги потврдува инсталациите на Груевски во судството. Кога Јанакиески го информира Груевски дека е на теренот дојдена судијка, која може да издаде судски налог за забрана за рушење и дека за случајот е надлежен Основниот суд Скопје 2, Груевски го упатува Јанакиески, цитирам, “Да се слушнеш со највисокиот“!
Следниот разговор во целост го покажува вистинското, одмазничко и безкрупулозно лице на Груевски. Ужива во постапката и динамиката за рушење на објектот“, стои во соопштението на СДСМ кое со видеата може да го последите овде.
Во соопштението продолжува: „Разговорот меѓу Јанакиески и Груевски што сега ќе го слушнете е класична потврда за одмаздничкиот потег на Груевски кон Цаноски, сват на сопственикот на А1 телевизија, Велија Рамковски. Груевски е задоволен од дотогаш завршената работа и констатира “Штом е онеспособен, завршена е работата“.
„Последниот разговор целосно го разобличува Никола Груевски. Освен одмаздата ништо друго не го интересира. Ниту реакција на меѓународната јавност, ниту почитувањето на законите, правото и правната држава. Единствено за што е заинтересиран е покритие на злосторот што го прави“, истакна лидерот на опозицијата.
