Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев „преживеа“ на лидерската позиција во СДСМ!

Заев „преживеа“ на лидерската позиција во СДСМ!
Зоран Заев останува лидер на СДСМ откако мнозинството од делегатите на Конгресот вечерва, на тајно гласање, му дадоа доверба да продолжи да ја води партијата. За доверба на Заев и партиското раководство гласале 413 делегати, додека 176 биле против. Претходно, едногласно партијата го усвои и извештајот за последните претседателски и вонредни парламентарни избори. Но, во текот на денот, на 18-от Конгрес на СДСМ се водеше жестока дебата. Дел од делегатите изразија поддршка на раководството и покрај послабите изборни резултати, но дел побараа оставка од Заев и неговата заменичка Радмила Шекеринска. Есад Рахиќ, Гордан Георгиев и Митре Вељановски беа меѓу најгласните кои бараа смена на лидерската позиција. Со апели за единство и приоритет да биде интересот на партијата, а не личниот, говореа Рената Десковска, Мики Вујиќ и Стефан Богоевски. Заев и Шеќеринска изјавија дека нема да се повлечат, аргументирајќи дека само 10 месеци се на чело на партијата, време во кое биле преземени многу чекори и разоткриени корупциски скандали на владејачката гарнитура. Лидерот на СДСМ, во своето обраќање, меѓу другото, одговорил на обвинувањата зошто партијата се враќа на политиката на бојкот, која пред една година била напуштена. Тој објаснил дека бојкотот пред една година бил прекинат поради притисок од меѓународната заедница, но најмногу затоа што граѓаните не го поддржале масовно „отпорот“. Се дебатираше повеќе од 10 часа, а учество во дебатата земаа 42 делегати, од кои најголемиот дел со поддршка на актуелното раководство.
Слично

Поврзани вести