Економија, финансии, бизнис

Контакт

Заев: Преспанскиот договор донесе пораст во трговијата

Заев: Преспанскиот договор донесе пораст во трговијата

Според македонскиот премиер Зоран Заев, до сега Преспанскиот договор донел пораст од 18,7% во трговијата со Грција откако е потпишана спогодбата.

"Секоја година имаме над 1, 7 милиони граѓани кои ја посетуваат Грција, а 1.5 милиони граѓани постојано доаѓаат во посета ... Ова покажува вистинско пријателство меѓу нашите граѓани", рече денеска тој пред новинарите.

Истакна дека се очекува проширување на соработката во повеќе дејности.

"Потребни ни се отворени врати за повеќе работи, за спорт, култура, образование, туризам и за економија. Имаме многу предности и можности пред нас и се надеваме дека нашите граѓани наскоро ќе ги почувствуваат придобивките" додаде Заев.


Слично

Поврзани вести